Дојде големиот ден за пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов, му се роди ќерка. 26-ти Март е датумот кога тој и неговата избраничка Ивана станаа родители.
Откако во месец септември како гром од ведро небо дознавме дека пејачот има нова љубов, а освен тоа ќе станат и родители, бременоста на тазе мајката, не ја видовме. Иван во медиумите изјави дека нема да открива детали за медиумите, но се додека не дојде време за големата вест – раѓањето на наследничката.
Честитки наголемо пристигнуваат, а „стори“ делот од Инстаграм профилот на новиот татко е густо набиен со честитки и обоем во розово.
Меѓу многуте објави се најде и онаа на кумот кој наедно откри дека веќе се знае и името на бебето кое има необично и модерно име – Ниа.
Сега следуваат славење и мекици, нешто подоцна веројатно и свадба, а тато Иван во наплив на среќа возбуда ќе пушти срце да сподели нешто повеќе со јавноста за неговото мало, најмило.
Инаку, кога е во прашање идната мајка, се работи за девојка која има охридско потекло и е од познато семејство Зимбо. Врската меѓу Иван Јованов и Ивана Зимбо беше непозната за јавноста се до моментот кога ја обзнанија бременоста на сега новопечената мама.
Честити, жива и здрава да биде Ниа!