Многу италијански новинари со неверување го дочекаа конечниот список на репрезентацијата на „аѕурите“, кога видоа дека селекторот Лучијано Спалети решил да не го понесе искусниот напаѓач Чиро Имобиле на ЕУРО 2024. И можеби беа во право, по катастрофалнотата елиминација на азурите, кои мораа да се вратат дома уште во осминафиналето.
Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, кој има 34 години, не беше премногу вознемирен по одлуката на новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Ги спакува куферите и замина на одмор со семејството.
Имобиле е семеен човек, има четири деца со сопругата Џесика Мелен. Иако се трудат да бидат хармонично семејство, одвреме-навреме можат да ја изненадат јавноста со некои провокации. Така беше и сега, за време на летниот одмор на Ибица.
Сопругата на фудбалерот на Лацио, убавата Џесика, сподели стотина фотографии на социјалните мрежи. Најмногу ги имаше оние каде среќната двојка ужива со четирите деца. Сепак, Џесика не би била Џесика доколку не подготвила одредена содржина која го привлекла вниманието на италијанските медиуми.
Така заносната бринета објави фотографија на која нејзиниот сопруг Ќиро ги држи нејзините бујни гради со двете раце, додека и двајцата задоволно се смешкаат.
Фото: Инстаграм/jessicamelena