Фолк пејачката Ирена Спасовска беше на два ума, дали да патува кон Рим или Виена или да си остане во своето Скопје, за неа вистинска метропола и град во кој може да се препушти на уживање особено во пролет, нејзиното омилено годишно доба.
Се реши на поефтината варијанта и тоа ептен економична, па дури и еколошка.
Наместо прошетката во која како превозно средство ќе и послужи авионот илии автомобилот, Ирена се реши да се качи на својот велосипед и да тргне во обиколка на Скопје. За истото одлучи дека и треба друштво, но добро проверено, најдобриот пријател- нејзиното милениче кучето Луна кое имаше резервирано место напред во корпата од велосипедот на Ирена.
Тргнаа од општина Аеродром и се упатија до не така далечна цел, однососно до центар по велосипедската патека.
Со белата убавица во корпа и русокосата бујна газдарица, одвој тандем неминовно ги собра погледите на случајните минувачи, пешаци, па и оние од автомобилите кога се чекаше на семафор.
Откако стигнаа до Камени мост, Ирена седна да одмори и да си ја почести душичката со едно кафе, а Луна да се прошета на широкиот плочник од проштадот.
Фолкерката оваа своја градска агенда и прошетка ја објави на својот Фејсбумк и приложеното го надополни со тоа дека ова бил вистинскиот избор за неа за да си направи поубаво секојдневие од разонодата низ нашиот град убав, а се’ тоа да го дополни со музика и познатата „ Скопје“ на „Леб и Сол“.
Епа, ајде наздравје Скопје!
фото:facebook/ Irena Spasovska