По неколку лажни контракции и одење во породилиште иако не беше вистинско време, инфлуенсерката и поранешна македонска пејачка Зорица Блажева и словенечкиот ракометар Тадеј Матијашиќ станаа родетели за првпат.
Неколку дена по предвидениот термин за породување, Зои на свет донсе здраво женско бебе кое ќе го носи името Мариа.
Mалечката наследничка веќе го имаше и првото запознавање со јавноста, бидејќи мама беше расположена и со енергија да ја објави и првата фотографија од новороденето бебенце.
-Фали ти ќерко што не одбра да бидеме твои родители, мама, тато и Хајди ќе те чуваат и сакаат најмногу на свет- напиша гордата и среќна мама Зои.
Инаку, во текот на бременоста, Блажева беше транспарентна пред своите следбеници буквално за се” оклу бременоста, а покажа и дека комплетно подготвено го дочекаа бебето со бебешка опрема, гардероба и што ли уште не кое мама секојдневно го бираше и купуваше низ продавниците.
Бебето се роди во Германија каде моментално живеат бидејќи тато има спортски ангажман таму.
Честитки!
фото:Instagram printscreen/zoi.blaz and tadejmatijasic94