Главоболките се најголемиот проблем за голем дел од луѓето. Дел од нас имаат проблем со мигрена, дел со главоболки предизвикани од времето, технологијата или стресот.
Но, освен таблетите постојат и некои други нешта кои ќе ви помогнат да ги победите главоболките.
Пијте вода – изгледа едноставно, но голем дел од главоболките се предизвикани од дехидратација.
Масирајте ја главата – истражувањата покажуваат дека масирањето на делот од главата кој е зафатен со болката, помага во намалување на непријатното чувство.
Истегнете се – голем дел од главоболките се предизвикани од тензија во мускулите. Едноставното истегнување на вратот помага во намалување на таквата тензија.
Испијте кафе – кофеинот во кафето ќе помогне во намалување на болката.
Пијте јаболков оцет – иако не ви звучи како најдобра идеја, 2 лажици јаболков оцет додадени во чаша вода со малку мед и лимонов сок можат да ја вратат алкалноста во организмот и да ја намалат болката.
Чај од ѓумбир – ѓумбирот има антивоспалителни дејства кои ја намалуваат болката и мачнината која се јавува кај мигрената.
Ставете мраз на пределот околу очите – тоа помага во намалување на температурата на крвните садови, што ја намалува пулсирачката болка.
Топол туш – дозволете водата во силен млаз да паѓа на вашиот врат. Топлината ги релаксира мускулите и ја намалува тензијата.
фото:Freepik