За Сузана Гавазова е добро познато дека важи за ѕвезда на естрадната сцена, домаќинка по дома, посветена мајка, и предана сопруга… Или што би рекле комплетна жена за сите дејности времиња.
Гавазова кога не е на сцена, нејзината главна работа е во домот, ообено онаа во кујната.
Почнува уште рано, па како вистинска домаќинка подготвува појадок, па нешта одат со ред, ручек, вечера и секако десерт.
Арно ама, Сузето не застанува тука, па знае да излезе и од редовната пракса на богатото семејно мени и да тргне во експерименти.
Овој пат тоа беше „цввен леб“, толку привлечен за око што домаќинката успешниот експеримент сподели дека е постигнат како таков со сок од цвекло.
-Лепче на мој начин. Само додадов сок од цвекло и добив ваква необична боја за леб,стои од описот.
Сепак, она што може ние да го заклучиме е дека главниот зачин од кујната на Сузе се вика љубов, а кога нештото се прави од чисто задоволство, тогаш совршениот резултат е неминовен.
Резултат за задоволни и полни стомаци, здрав живот и навики кои со принципиелност водат до посакуваните резултати на кои може да и позавидат и врвните шефови.
Вреди да се проба!