Радио Милева матурант...

Херојот од трагедијата во Кочани блесна во матурски стајлинг: Познат бутик за машка облека од Велес бесплатно го облече од глава до петици Јован Костадинов

Херојот од трагедијата во Кочани блесна во матурски стајлинг: Познат бутик за машка облека од Велес бесплатно го облече од глава до петици Јован Костадинов

Јован Костадинов, момчето кое во стравичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, го спаси животот на повеќе од 20 млади луѓе, блескаше на својата матура. Младиот херој  беше облечен со љубов, внимание и благодарност и тоа бесплатно од еден познат бутик за машка грдероба од Велес.

Кочанскиот херој од Виница, кој стана познат по својата храброст и пожртвуваност и не штедејќи го својот живот спаси многу други,  доби специјален матурски стајлинг, како подарок од бутикот „Голден гарден“.

„Денес нашиот бренд имаше чест да го удостои Јован Костадинов од Виница,момчето кое пред педесетина дена во трагичниот настан во Кочани,успеа да спаси повеќе од дваесет млади животи,за да продолжат да му се радуваат на животот…Ние ветивме дека ова храбро,воспитано и страмежливо момче,ќе го наградиме со комплетен матурски стајлинг и тоа денес и го сторивме.

Јован ти благодариме од срце што ни го разубави денот,ти ја честитаме матурата и ти посакуваме уште поголеми успеси во твојата понатамошна едукација како и на сите други полиња од животот Со среќа храбро момче,ние за тебе тука сме во секое време. Големо браво, браво, браво“ – се вели во објавата од бутикот.

За матурската вечер, Јован беше дотеран во елегантен трендовски машки костум во нежна пастелна нијанса и бела кошула со пеперутка-вратоврска. Изгледот го надополни во младешки стил, со бели патики.

Инаку сопствениците уште кон крајот на март стапиле во контакрт со Јован и тоа јавно го обзнанија повикувајќи го да ги посети штом малку ќе закрепне.

Бутикот „Голден Гарден“    вчера стапи во контакт со македонскиот херој Јован Костадинов, човекот кој успеа да спаси речиси 20 полуживи човечки животи, носејќи го на грб и во раце трагичната вечер во Кочани, во исто време демонстрирајќи невидено херојство и смиреност, борејќи се сам со пламенот и жешките отровни гасови, за што целата македонска јавност е восхитена од неговата храброст и херојство… Бутикот „Голден Гарден“ сакаше да му оддаде признание и му понуди комплетен подарок за матура, на што тој со задоволство одговори дека штом малкуѕ ќе закрепне, веднаш ќе не посети. За некои ова ќе звучи како реклама, но сакаме да ви кажеме дека отсекогаш сме помагале на особено ранливи категории граѓани и средношколци, како и на деца без родители. Затоа ќе му кажеме само едно на Јован: Твоето херојство е нешто невидено и незамисливо, а нашето внимание кон тебе е само капка во морето. Ти посакуваме да бидеш еден од најубавите матурант во Македонија. Да си ни здрав и жив, а од Бога веќе си благословен“ – споделија тогаш во најавата сопствениците на велешкиот бутик.

Кога дојде вистинското време своето ветување тие и го остварија, а Јован навистина блесна во матурскиот комплет во кој вака изгледаше облечен во една од најубавите вечери досега во неговиот живот, заедно со партнерката Јована.

Фото: Фејсбук/Kostadinov Jovan

To top