Поранешната кошаркарка и сопруга на бившиот маж на Тамара Тодевска, Едина Муса, неодамна стана мајка за првпат.
33-годишната спортистка пред речиси три месеци на свет донесе машко бебе кое го доби името Максим.
Сега светот на Едина изгледа сосема поинаку, а се’ околу себе веќе гледа низ поинаква призма, и секако тоа е разбирливо кога мајчинскиот инстинкт веќе е примарен.
Таа уште во бременоста се активираше на Инстаграм повеќе од кога било, а случајот не е поразличен ниту сега кога се почесто сака да ги споделува своите мајчински искуства, па и да дели практични совети.
Доењето во јавност за жал кај нас тешко излегува од табу тема, но доилките чинот на хранење на своето бебе, не ретко го прават на отворено. Некои пориени, некои откриени и без задршка од туѓите погледи.
Мама Едина подојот на своето бебе го прави и на отворено, но со еден практичен совет и за оние тазе мајки кои ја следат, а истиот го сугерира повремено.
Имено Едина Муса покажа како си го олеснува доењето и кога е надвор, а тоа е овозможено со еден практичен дуксер со патент од двете страни кој се отвара кај градите.
Совршено за секоја мајките со мало бебе да бидат покомотни во доењето кога е во прашање шетањето надвор од дома.
А Едина богами и тоа како раскомотена по дуксерот споен со ултра куси панталончиња истакнувајќи ги долгите вити нозе.
Згодна практична мама, нема што!
фото:Instagram printscreen/edina_musa