Пејачките сили во четвртиот круг од шоуто „Никогаш не е доцна“ ги измерија Виктор Димитриевски и Александар Кабиљо, а едниот од нив го доби прекарот Македонецот Здравко Чолиќ.
Виктор од Куманово ја изведе омилената и најубава македонска песна од Драган Мијалковски „Кажи ми драга“ во 1.30 минута во натпреварот, со која ги воодушеви сите членови во шоуто.

–Ау, каква песна – рече Жика Јакшиќ воодушевено по настапот, а другите членови на жирито не штедеа пофални зборови ниту за Виктор.
Кики Лесендриќ истакна дека Виктор го воодушевил со изборот на песната, но и со самата интерпретација.
–Ме потсети на македонски Здравко Чолиќ, на големиот пејач Драган Мијалковски. Честитки, прекрасна песна, нè врати во минатото – рече Кики.

Сања Симиќ додаде дека изведбата е оправдана со квалитетот и многу тешката песна.
– Можете да видите дека ја сакате оваа песна, и можете да пеете, тоа веќе го слушнавме, а вие ја изведовте оваа со посебна радост – коментираше Маре, а Жика додаде дека и самиот уживал во оваа изведба.
– Како Здравко Чолиќ да пеел на македонски. Честитки – додаде Јакшиќ.

Со тоа, Виктор директно се квалификуваше за следната рунда од натпреварувањето.
Foto: print screen/YouTube/Nikad nije kasno







