Мегафон на 9-ти април во МНТ

„Глумците пеат“ и со втора претстава

„Глумците пеат“ и со втора претстава

На 9 април од 20:30 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одржи втората претстава на шоуто „Глумците пеат“, откако се распродаде првата на 8 април. На шоуто ќе пеат околу 25 актери со различна приказна.

Ова ќе биде трето издание на возобновената манифестација, која ја направи актерот Марин Бабиќ, кој почина во октомври 2022, а неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ ја продолжуваат во негова чест. Во 2023, „Глумците“ се вратија на сцената по 17 години пауза.

Режисер на шоуто и годинава е Дејан Пројковски, а диригент на биг бендот кој ќе свири е Љупчо Мирковски. Новите аранжмани на песните се на Бобан Мирковски, а кореографијата на Олга Панго.

„Годинашната инспирација доаѓа од еден извонреден филм“, најави претходно Маја Бабиќ.

Постои еден ден во годината кога музиката и театарот стануваат едно. Еден ден кога сцената ја водат најдобрите актери, најдобрите музичари, најголемите емоции. Тоа не е само претстава. Тоа е празник на уметноста.
Секое издание почнува од празен лист. Се создава приказна. Се пишуваат нови аранжмани. Се избираат актери. Се работи со недели за да се создаде нешто што се случува само еднаш. Не е концерт. Не е претстава.
Тоа е „Глумците Пеат“, шоу каде музиката и театарот се спојуваат во совршена приказна! 30 врвни суперталентирани глумци и биг-бенд со извонредни музичари ќе ве поведат на патување што ќе ве потсети дека вистинските приказни никогаш не излегуваат од мода!

Режијата е на Дејан Пројковски, диригент е Љупчо Мирковски, кореографијата на Олга Панго а аранжманите на Бобан Мирковски. Музиката и театарот ќе оживеат инспирирани од духот на едно време кога сè беше малку повесело и малку пожешко.
МНТ, 8 и 9 април во 20:30 часот.

To top