Радио Милева во стабилна состојба

Гитаристот на „Квин“ Брајан Меј доживеал мозочен удар (видео)

Гитаристот на „Квин“ Брајан Меј доживеал мозочен удар (видео)

Легендарниот гитарист на групата „Queen“, откри дека доживеал мозочен удар.

Тој им се обрати на своите фанови преку видео порака, која ја објави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sir Brian May (@brianmayforreal)

„Се надевам дека сите сте добро. Јас сум тука да ви донесам пред сè добри вести. Мислам дека добрата вест е што можам да свирам гитара по настаните од последните неколку дена, а ова го кажувам затоа што се сомневав, затоа што тој мал здравствен проблем што го споменав се случи пред една недела и како што го нарекоа беше мал мозочен удар и одеднаш – од ведро небо – немав никаква контрола над оваа рака, така што беше малку застрашувачко“, вели Меј во видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sir Brian May (@brianmayforreal)

„Морам да кажам дека имав фантастична нега и внимание од болницата Фримли каде што одев со сини светла кои трепкаа… многу. Многу возбудливо! Значи, добрата вест е дека сум добро. Само го правам она што ми се кажува, што е во суштина ништо. Казнет сум, не смеам да излегувам – па, не смеам да возам, не смеам да се качам во авион, не ми е дозволено да го зголемам бројот на отчукувања на срцето…“, рекол гитаристот, пишува „Mirror“.

фото:Instagram printscreen/ brianmayforreal’s

To top