Радио Милева Дали е таа?

Гавазова во несекојдневно издание: Сузе позираше пред камера речиси непрепознатлива (фото)

Гавазова во несекојдневно издание: Сузе позираше пред камера речиси непрепознатлива (фото)

Деновиве македонската фолкерка Сузана Гавазова уживаше во пролетта како вистински  хедонист.

Иако е позната по нејзините секси стајлинзи од подразголени изданија во кои секогаш позира со доза на провокација за што повеќе да им го привлече вниманието на нејзините следбеници, таа сега ги изненади и се појави во несекојндевен аутфит за неа.

Гавазова потврди дека нема проблем да биде закопчана до грло и сепак да изгледа топ и беспрекорно, но и непрепознатливо поради облеката која е драстично различна од онаа на која сите се навикнати и очекуваат да ја видат.

Таа овој пат позираше пред камерата на мобилниот телефон додека беше на прошетка во природата, а изданието кое го покажа повторно ги задржа погледите на сите, иако беше скромна и покажа помалку од вообичаено.

Фолкерката го сними и видикот кој го имаше пред неа, а во кадарот го улови и нејзиното „лично обезбедување“ кое ја придружува во прошетката.

 

 

 

Провокативните изданија кај неа секогаш имаат предност , па така кој сака, можност секогаш има од богатата секси понуда на нејзиниот профил.

Баш какои оваа подолу:

Фото: printskrin/instagram/suzanagavazova

To top