Популарниот рапер и јутјубер Ненад Маринковиќ Гастоз неодамна беше депортиран во Србија откако помина два месеци во затвор во Тајланд. Тој сега се проговори и изјави дека се уште не успеал толку брзо да се врати „во првобитната состојба“ и дека му треба време.
Гастоз претходно уште при слетувањето во Bелград вети и се обиде дека ќе објасни сè за неговите затворски денови во видеото што го сними за својот канал, но очигледно не успеал во тоа.
@zzenttt GASTTOZZ SLOBODAN ♥️ #fyp #viral #gasttozz #thailand #jail ♬ original sound – zent 𖣂
„Ух, имам голема потреба да Ви се обратам. Но, се прашувам како некој ќе го протолкува и на кој начин. Како тоа да е важно, особено денес. Притоа буквално се трујам, а не напредувам, ниту гризам, туку сум како лист, уморен летен лист. Нешто ми фали и не можам да сфатам што… – напиша Гастоз и додаде:
„Се убив со моето неадекватно пелтечење, монотона презентација и некоја чудна енергија која воопшто не е дел од мене или она што всушност го посакував во тоа интервју. Брат-брату, очекував дека некако веднаш ќе се вратам во првобитната состојба, но сега гледам дека тоа е невозможно и дека ми треба време, а состојбавапродолжува…“ – напиша Маринковиќ.
Фото: Инстаграм/gasttozz