Радио Милева 60-ти роденден

Гала прослава кај Никола Роквиќ: Неговата мајка славеше јубилеј во тесен фустан (фото)

Гала прослава кај Никола Роквиќ: Неговата мајка славеше јубилеј во тесен фустан (фото)

Вдовицата на пејачот Маринко Роквиќ, Славица Роквиќ, синоќа прослави нејзиниот 60. роденден.

Во тесен фустан со светки, торта на два спрата, а нејзините синови ја подигнаа атмосферата на забавата.

Имено, Славица приреди незаборавна роденденска забава, а сите гости ќе паметат еден момент.

 

На видеото што нејзиниот син и познат пејач Никола Роквиќ го сподели на инстаграм-профилот, може да се види како ја изведува песната „Романија“, а во еден момент на спикерфон на својот телефон го пушти Халид Бешлиќ, кој продолжи да ја изведува истата нумера од другата страна на телефонот.

Никола микрофонот цело време го држеше до телефонот, а целиот локал го поздрави овој гест со аплауз.

– Традицијата мора да се почитува. Нашиот прекрасен Халид Бешлиќ- напиша Никола во описот на видеото.

фото: printscreen/instgaram

To top