Мегафон На 12-ти април во Станица 26

„Funk Shui“ со концерт во Скопје

„Funk Shui“ со концерт во Скопје

По повеќе од една година, Funk Shui повторно ќе настапат пред домашната публика. По успешната 2024 година, обележана со повеќе од 20 концерти низ Балканот, бендот ја започнува новата концертна сезона токму во Скопје.

На 12-ти април, Станица 26 ќе биде првата дестинација пред нивната нова турнеја, а момците ветуваат вечер исполнета со енергија, емоции и искрена музичка магија.

„После толку време, со нетрпение ја очекуваме оваа средба. Време е да свириме дома, во нашиот град, со нашата публика. Ова е првата станица пред да тргнеме на нова балканска авантура, и сигурни сме дека ќе ја започнеме со вистинската атмосфера!“, порачуваат Funk Shui.

Билети во претпродажба од 10-ти март, 10 часот, онлајн на www.drugastrana.mk. Првите 50 билети – 500 ден. Редовна цена – 600 ден. На денот на концертот и на врата – 800 ден.

Не пропуштајте вечер исполнета со енергија, емоција и автентичен звук – 12 април, Станица 26!

To top