Откако талентираната Македонка Андријана Петрушовска се пласираше во финалето во „Ѕвездите на Гранд“ и го освои третото место, еуфоријата се нормализираше, а таа реши да одвои време и да им одговори на многубројните прашања кои нејзините фанови сакаат да ги знаат.
Повеќето пораки не беа во прашална форма бидејќи следбениците имаа да кажат многу пофални зборови за неа како пејачка и да ја охрабрат по патот на успехот во кариерата која ја гради.
Пејачката им се заблагодари , но потоа одвои две прашања кои сакаше да ги сподели со јавноста.
Едно од нив беше тоа што и побараа заедничка слика со сегашниот ментор Мили, а таа ја одвои најомилената на која позираат и двајцата со насмевка до уши.
Следното прашање за кои беа заинтересирани се однесуваше на тоа дали е среќна со резултатите кои ги постигна на што таа веднаш кратко и јасно потврдно им одговори.
-Нааааајјјјјсреќна!-па го додаде симболот на победа и едно црвено срце.
Дека Андријана се чувствува како победник е повеќе од сигурно, а секако тоа е и најважно за голем успех додека чека подобар пласман и победа во друга прилика.
Фото: printskrin/instgaram/andrijanapetrushovska