Скопје оваа есен ќе пулсира во ритамот на минатите децении. Во петок, на 28-ми ноември, модерниот Event Expo Center кај новата железничка станица ќе биде дом на спектакуларната ретро журка „Forever Young 2025“, настан што ветува автентично враќање во златните години на диско културата. Настанот е посветен на сите генерации кои пораснаа со винилни плочи, диско топки и радио-хитови што се слушаа до бесвест, но и денес одбиваат да се откажат од младешката енергија во душата. Организаторите најавуваат вечер исполнета со парчиња од 70-тите, 80-тите и 90-тите – ера што остави непребришлива трага во светската музика и ноќниот живот.
Зад целиот проект стои добро познатото име на регионалната музичко-модна сцена Милорад Цаиќ – Цајо, човек чиј потпис со години значи беспрекорна организација, стил и атмосфера што се памети. Со неговата визија, „Forever Young 2025“ се очекува да биде вечер која ќе ги спои носталгијата и современиот сјај во едно незаборавно искуство.
Организаторите ветуваат ноќ што ќе нè врати во времето на безгрижните излегувања, препознатливите диско ритми и легендарните плесни подиуми. Подгответе се да заблескате – ретро магијата се враќа во Скопје, и ова е вечер што едноставно не смее да се пропушти.
Посетителите може да ги обезбедат своите влезници преку: kupikarta.com продажната мрежа на Розе Веро 2 Литература.мк Агенција ЈК Травел.







