Радио Милева „шмукни - хукни“...

Фолкерите вешти на цевче: Може Стојне Николова добро „шмука“, ама „Никој како“… Благоја Грујовски! (ВИДЕО)

Фолкерите вешти на цевче: Може Стојне Николова добро „шмука“, ама „Никој како“… Благоја Грујовски! (ВИДЕО)

Водителскиот тандем на ТВ Телма, Катерина Тодевска Ненад Георгиевски однеодамна има нова емисија. Нова ТВ играчка за забава на гледачите во вид на интересно ток-гејм шоу насловено “Никој како…“, во кое секој работен ден од 17:15  часот им доаѓаат познати гости. Личности од јавниот живот, естрадата, светот на модата, ТВ лица… Популарни фаци кои меѓуостанатото добиваат и задолженија да играат разни игри. Притоа се натпреваруваат меѓу себе, кој кого ќе надитри, надмудри, победи и сето тоа интересно спакувано за да ги расположи, забави и насмее ТВ гледачите.

Некој е повешт, некој помалку вешт, некого за нешто повеќе го бива, некој абер нема од зададената задача, ама сите заедно добро се забавуваат. И донмаќините и играчите и ТВ гледачите.

Во едно од последните изданија, гости македонската фолк двојка. Младата , згодна и сексапилна струмичанка Стојне Николова и стариот скопски фолк волк, шмекерот Благоја Грујовски. За пеењето на обајцата нема што да се зборува, станува јасно дека таа е се’ попопуларна, а тој оддамна е член на првата македонска пејачка фолк лига.

Арно ама кога станува збор за игра, каква што беше една од зададените, ТВ гледачите јасно можеа да ги воочат разликите кај фолкерите, кој тоа од нив е повешт со цевче, наместо со микрофонот в рака!

Имено, една од игрите која водителот Ненад ја нарече „Шмукни-хукни“ се состоеше од тоа за одредено време, двајцата од иста чинија со цевчиња за сок со шмукање да го кренат парченцето хартија, а потоа со хукање ливчето да го спуштат во хартиената чаша, при тоа без да го допираат со прсти. На крај, кога зададениот временски интервал ќе истече, се бројат ливчињата во секоја од чашите, а победник е оној што успеал да „шмукне“ повеќе ливчиња од колегата или колешката.

И кој што сака нека рече, ама фолкерите и тоа како се покажаа вешти на цевче. Само што за многумина резултатот на крајот беше можеби малку изненадувачки.

Зашто Стојне Николова можеби добро „шмука“, ама се покажа дека не е „Никој како…“ Благоја Грујовски! Иако, како да се очекуваше да биде поинаку, ако не друго барем заради капацитетот на пејачката кога е во прашање градниот кош, се покажа обратното – дека капацитетот на бели дробови кај фолк колегата, воопшто не е лош!

Пејачот со  голема разлика ја победи својата колешка на која слабо и одеше шмукањето на сламка, ама затоа на фолкерот не му е рамна… правосмукалка!

Стојне Николова можеби добро „шмука“, ама се покажа дека „Никој како…“ Благоја Грујовски, така мајсторски!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Никој како … (@nikoj_kako)

Фото и видео: Инстаграм/nikoj_kako

 
To top