Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ рано ја откри љубовта кон музиката. Својот прв албум го сними на 14 години, кој ја однесе до самиот врв на поп-сцената.
Сепак, пред да се здобие со вртоглава популарност, таа настапуваше на приватни забави.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како 14-годишно девојче пее на прослава под шатор во Црна Гора.
@pevajmo.svi KO SKINE VIDEO BEZ LAJKA BIĆE BLOKIRAN!!!! #legendamuzke #muzika #minimausmuzika #hitovi #legenda #srbija ♬ original sound – ex yu muzika
Закопчана до грло, во едноставна бела кошула и црни панталони и минимална шминка, Цеца ја отпеа „Зелене очи“, а на настапот дојде во придружба на нејзиниот татко Слободан.
Инаку, таа никогаш не се срамела од тоа и секогаш со гордост истакнувала дека така ги започнала своите први музички чекори, додека нејзиниот татко и бил придружник на настапите.
„Почнав на многу млада возраст, мајка ми ми беше ментор, ми ги исправаше грешките, на сцена застанав на пет години, на 10 почнав да настапувам на забави, бидејќи веќе бев ѕвезда на локално ниво и чудо од дете, на 14 години го снимив мојот прв албум, другото е историја“. Еднаш рече Цеца.