Лице в лице

Фолк кралот повеќе не е „крал без круна“: Миле Кузмановски крунисан, а и тој самиот ја круниса стварноста и тоа магично во „Ништо лично“ (ВИДЕО)

Фолк кралот повеќе не е „крал без круна“: Миле Кузмановски крунисан, а и тој самиот ја круниса стварноста и тоа магично во „Ништо лично“ (ВИДЕО)

Ако соседите ги имаат  Тома, Тозовац, Шабан, Џеј… Македонија го има Миле Кузмановски. Некрунисаниот фолк „крал без круна“  чиј глас одекнува и ѕвони како златна струна која ја растреперува душата со секој отпеан стих, рефрен, секоја негова песна.

И оние во кои срцето ја слави љубовта, и оние во кои истото тоа срце скршено на парчиња по изгубената љубов тагува. Зашто се што отпеал – позлатил, се што сме слушнале од него станува или хит или евергрин и музичка фолк антологија.

За сите животни премрежја, професионални и приватни растежи и падови, за сите свои мали и големи работи, за сите песни и она што тие му го донеле, за сите вистини и празни прикаски, но и затоа како беше јавно крунисан за повеќе да не биде фолк „крал без круна“…

За македонската естрада и конкуренцијата во „естрадната бара полна со домашни и увезени крокодили“, за потеклото, родителите, скопскиот земјотрес и чудото кое и по седум дена под урнатините татко му останал жив, за ЈНА, воениот оркестар, војната во Југославија и другарите од војска, за срамот од комплименти, покојниот Мирко Митревски кој  ќе му го отвори патот кон естрадниот трон, за „семејната хармонија“ и живот во „женска кватрофонија“, за музичките проекти, авторството и песната за сите времиња „Не кани ме“, за медиумите и грижата на државата за естрадата, за Драчево и МРТ… За сите нешта што неговиот приватен и професионален живот го прават да биде тоа што е, зборуваше единствениот Миле Кузманоски… во „Интер ток – шоуто“  „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски, кое оди  секоја среда во 20 часот на  YouTube каналот КурирМК   

Ако го гледавте веќе еднаш, погледнете го уште еднаш за да се потсетите, ако пак не, погледнете го во продолжение и нема да зажалите, зашто… На ниту едно друго место нема да слушнете и дознаете ништо слично како во  „Ништо лично“.

To top