Мегафон ново раководство-нова концепција?

„Фолк фест Валандово“ започнува нова приказна: Јавен конкурс за избор на нови директори на фестивалот

„Фолк фест Валандово“ започнува нова приказна: Јавен конкурс за избор на нови директори на фестивалот

Општина Валандово  објави Јавен конкурс за избор на директори на фестивалот „Фолк Фест Валандово“. Неофицијално,  организаторот – Општина Валандово  има јасна намера: да започне нова музичка приказна и да му даде нов импулс на фестивалот кој речиси четири децении е синоним за новосоздадена македонска песна.

Конкурсот предвидува избор на:

  • Директор на фестивалот
  • Уметнички директор и
  • Технички директор

Сите со мандат од две години, што јасно укажува на поорганизирано, посистематско и современо функционирање на „Фолк Фест Валандово“ во иднина. Но, дали ова значи и целосно нов концепт на „Фолк Фест Валандово“?! Она што е сигурно е дека фестивалот подолго време имаше потреба од свежа енергија, нови идеи и посилна визија, со цел да го задржи својот углед, но и да се приближи до новите генерации.

Во годината кога „Фолк Фест Валандово“ одбележува 39 години постоење, Општина Валандово оди чекор понатаму и паралелно објавува и Меѓународен конкурс за избор на композиции за фестивалот „Фолк Фест Валандово 2026“. Ова е отворена покана до сите композитори, текстописци и автори од земјата и странство да бидат дел од фестивалот кој со децении ја гради и чува македонската музичка традиција, но истовремено постојано бара нов звук и нови имиња.

Во продолжение можете детално да ги погледнете и прочитате условите, роковите и сите потребни информации:

-Јавен конкурс за избор на директори на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест Валандово“

-Меѓународен конкурс за избор на композиции на Фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест Валандово 2026“.

„Фолк Фест Валандово“ очигледно влегува во чувствителна, но возбудлива фаза. Дали ова ќе биде нов почеток или ризичен пресврт, набргу ќе покаже времето по завршувањето на годинешното издание.

To top