Љубов и секс

Фаталните заводнички ги поседуваат овие 4 особини заради кои мажите не можат да им одолеат

Фаталните заводнички ги поседуваат овие 4 особини заради кои мажите не можат да им одолеат

Ги знаете оние жени на чиј шарм паѓаат сите, и тоа во таа мера што другите жени не им завидуваат туку малку им недостасува и тие да се вљубат во нив.

Се докажало дека таквите заводнички имаат некои заеднички особини, а во продолжение прочитајте кои.

1. Своја и ничија
Сите се трудиме да се прикажеме на најдобар можен начин, но постои граница меѓу почетното додворување и лажното претставување. Немојте да глумите затоа што таквите лаги се со краток век. Наместо тоа бидете свои и покажете дека сте задоволни со тоа и дека не ве интересира туѓото мислење. Тој вид самодоверба им е неодолив на сите и е токму тоа што го разликува некој како Моника Белучи од жените кои можеби се 100 пати физички поубави од неа.

2. Сѐ е во очите
Жената која знае кога и како треба да го погледне мажот е жена која со поглед може да постигне апсолутно сѐ на светот. Големите заводнички никогаш не гледаат во под, не ги гледаат своите стапала (освен кога им се восхитуваат на чевлите) и не го тргнуваат погледот први. Тие знаат дека очите го кажуваат она што зборовите никогаш нема да можат да го кажат и тоа го користат максимално.

3. Смисла за хумор
Без смисла за хумор едноставно нема шарм, а кога нема шарм попусто ви е и добра фризура и нокти и затегнат задник. Жените кои знаат како да се шегуваат на своја сметка и кои уживаат во насмевката без оглед на тоа дали носот им е преголем кога се смеат или од тоа може да им се направат брчки, тие се целосно неодоливи.

4. Интелигенција
Истата работа како и со хуморот, но рака на срце, без оваа четврта особина ја нема ни третата, а доколку ја нема третата ја нема ни четвртата, па првите две стануваат целосно неважни. Така што суштината на ова е клучот на вистинските заводнички. Тие се паметни и не се плашат да го покажат тоа. Тие ја покажуваат својата силна личност и знаат дека вистинската личност ќе биде восхитена од таа карактеристика кај нив.

извор:tocka.com.mk
фото:Freepik

To top