Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ отиде во Минхен, Германија, за да ги бодри својот зет Немања и српската фудбалска репрезентација на Европското првенство од трибините заедно со ќерката Анастасија и семејството Гудељ.
Нејзиниот зет Немања Гудељ е дел од српската репрезентација, а Цеца пред заминувањето за Германија изјави дека тој е нејзиниот омилен играч.
Во овој важен период таму е и нејзината ќерка Анастасија која го бодри својот сопруг, а сега на социјалните мрежи се прошири фотографија на која Цеца ужива во друштво на словенечките фанови.
Slovenci opkolili Cecu u Minhenu 🇸🇮 pic.twitter.com/9fDu2Qdxbp
— Ceca Press (@PressCeca) June 19, 2024
Пејачката седела во кафуле, а словенечките обожаватели и пришле да се фотографираат со неа, а сите биле насмеани и расположени, додека таа со рацете го покажувала симболот на срцето.
фото: printskrin/instagram/X