Сите мажи имаат скриени сексуални фантазии кои ги кријат од другите. Во повеќето случаи, тоа се фетиши кои сè уште се сметаат за табу теми, па затоа се избегнуваат.
Меѓутоа, кога подолг период сте со саканата личност, сосема нормално откривате сексуалните фантазии еден на друг и да се обидете да ја разберете сексуалноста на партнерот. Сепак, постојат фетиши кои мажите со страв им ги откриваат на своите девојки.
1. Доминација
На мажите им се допаѓа кога жените се доминантни и имаат главен збор во креветот. Меѓутоа, многу мажи се плашат да побараат од партнерките да се однесуваат малку погрубо и подиво.
2. Групен секс
Фантазирањето за групен секс не е чудна појава и истражувањата покажале дека многу мажи имаат слични размислувања. Сепак, не е толку лесно да ѝ соопштите на девојката дека сакате уште некој да ви се приклучи во креветот, нели? Ова може да доведе до лутина, па дури и да ја прекине врската, бидејќи жените може да се почувствуваат повредени.
3. Агресивност
Мажот често сака да биде груб и малку поагресивен во креветот, но стравува дека на тој начин ќе ја покаже својата дива страна и дека ќе изгледа поинаку во очите на партнерката. Затоа, ова е фетиш кој често со страв се признава.
4. Врзување
Врзувањето е многу чест фетиш и многу парови го практикуваат секојдневно. Сепак, некои луѓе имаат поинакво мислење за врзувањето и сметаат дека тоа е како да третирате роб. Поради тоа мажите се плашат да побараат врзување од девојките, бидејќи мислат дека тие ќе стекнат погрешен впечаток за нив.
5. Валкани разговори
Валканиот разговор за време на сексот може да го зголеми, но и да го убие сексуалното задоволство. Затоа, ваквиот разговор е голем ризик кога е сексот во прашање и затоа многу мажи се плашат да го изговорат сето она што им е на ум.
6. Тројка со две девојки
Сигурни сме дека секој маж на својата листа со желби има запишано – секс со две девојки. Тоа е универзална желба на сите мажи. Се разбира, доколку тоа ѝ го кажете на вашата девојка, таа веројатно ќе изреагира прилично бурно.
7. Анален секс
Иако многу девојки уживаат во аналниот секс, мажите секогаш стравуваат да ги прашаат дали сакаат, бидејќи не знаат каква ќе биде нивната реакција. Оние кои не сакаат ваков секс, во повеќето случаи категорични се во одбивањето.
извор:Точка
фото:Freepik