Како последен настан од Гига Фест 2024 ќе биде самостојната изложба на Стефан Младеновски „Еве го човекот“. Изложбата се состои од 50 дела на хартија создадени во последните две години и претставуваат заокружување на еден тематски циклус.
Делата ќе бидат изложени во Уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, во петок 30-ти август со почеток во 20:00 часот.
Во рамките на настанот, ќе има и музички перформанс на Ади Имери и Александар Бошков, едни од најзначајните македонски гитаристи, кои оставаат длабок печат на македонската музичка сцена.