ТВ водителката Ирена Спировска освен што е позната по тоа дека ја обожава природата со сите нејзини убавини, сега откри која е нејзината омилена сезона.
Така таа со камерата овој пат сними убави кадри кои можат да се уловат само на есен.
Водителката на социјалната мрежа Инстаграм каде што е редовно активна сподели со следбениците видео од јапонско јаболко распослано по земјата, но и уредно наредено на дрвена клупа.
„Есенски дарови од природата“ – потсети таа додавајќи дека за неа ова е омилената сезона токму поради плодовите од природата.
Секако, Ирена фасцинирана од Јапонското јаболко потсети дека освен што расте во градините е здраво и украсно овошје.
Водителката неодамна на Инстаграм го покажа виткото тело во тесни хеланки и рамен стомак, па повторно докажа дека навистина има тело на тинејџерка.
фото: printscreen/instagram/irenaspirovska