Радио Милева љубов

Емра Куртишова сподели интимен момент и му го честиташе роденденот на сопругот (фото)

Емра Куртишова сподели интимен момент и му го честиташе роденденот на сопругот (фото)

Актерот Петар Стојанов, сопруг на актрката Емра Куртишова која ја глуми Исаура во популарната македонска серија „Преспав“, славеше роденден.

Емра се потрудила да му го разубави прекрсниот ден со фотографија која ја сподели на социјалните мрежи  каде му  напиша емотивна порака со цел да му честита.

Актерката го покажа заедничкиот среќен момент и му ги упати  зборовите:  „Среќен роденден љубовче“,

На фотографијата  таа заедно со Петар и нивната наследничка Лена ги дувнаа наместените свеќички на убавата тортата.

Потоа, следбениците ги воодушеви и со следната фотографија на која ја покажа само тортата за да ја долови нејзината специјална апликација на која се покажани  нивните раце.

Па, сите со насмевка до уши им посакаа да останат вака среќни, насмеани и заљубени.

Да потсетиме, неодамна тие  заедно уживаа на одмор во Грција , а Емра го улови сопругот во кадар и гордо се пофали со изгледот на неговото тело споделувајќи го на краткото стори во летно издание.

фото: printskrin/instagram/emra.kurtishova

To top