Емина Јаховиќ еднаш откри малку познати детали од нејзиниот приватен живот.
Пејачката, меѓудругото, изјави дека го изгубила своето бебе пред 16 години.
– Завршував некои обврски во Белград и не знаев ни дека сум во друга состојба. Дознав дека сум бремена дури кога се вратив во Истанбул – рече таа прво.

– Нешто не беше во ред со фетусот и го изгубив бебето. Ако се случи тоа, би сакала да родам уште едно дете и би сакала да биде девојче – рекла потоа Емина.
Јаховиќ се осврна и на пропаѓањето на нејзиниот брак со турскиот пејач Мустафа Сандал и раскажа како нејзиното семејство реагирало на тоа.
Оние најблиски до неа се побунија против нејзината одлука за развод.

– Мајката Сенија и сестрата Сабина беа особено против тоа. Мама навистина го сакаше Мустафа и тие добро се сложуваа. Во некои моменти ми се чинеше дека го сака повеќе од мене – рече пејачката тогаш во „Балканска улица“.
фото:Instagram printscreen/yaemina





