Врската меѓу норвешката принцеза Марта Луиз (52) и нејзиниот долгогодишен вереник, самопрогласениот шаман од Калифорнија Дурек Верет (49) беше крунисана со брак.
На свадбата покрај членовите на кралските семејства на Норвешка и Шведска присуствуваа и бројни познати личности, меѓу кои и пејачката Емина Јаховиќ.
Поп-ѕвездата на венчавката се појави во зелена тоалета, а околу вратот имаше ланче со смарагди.
View this post on Instagram
Подоцна се пресоблече во краток црвен фустан кој дополнително ги истакна нејзините долги и затегнати нозе, а смарагдите ги замени со бисери. И двете комбинации беа многу елегантни, а Емина уште еднаш покажа беспрекорен стил.
View this post on Instagram
– Многу сум среќна што бев дел од оваа прекрасна церемонија. Толку многу фантастични луѓе и позитивна енергија. Ви благодариме драги пријатели – им се заблагодари Емина на младенците на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instagram