Објавите на социјалните мрежи веќе се речиси сечие секојдневие, а истото сосема логично и нормално е да го применуваат познатите, особено оние од естрадата.
Фолк пејачката Елена Велевска периодов е доста активна на сите платформи каде има свои профили, а пак бројните фанови, односно следбеници секогаш знаат да и доделат ласкави комплименти преку коментарите кои осамнуваат за фотографиите или поставените видеа од пејачката.

Ако неодамна провокација за истото беше разголената фотка покрај базен од еден охридски хотел каде пејачката се релаксираше, сега на ред следеше уште една таква „сочна“ објава каде во прв план повторно е раскошната предница на Велевска.
Допаѓањата или популарно наречените лајкови како и секогаш се редеа стотици на број, ама така беа и коментарите со симболи од срциња, оган, бакнежи и што ли уште не…


Меѓу нив, еден од следбениците опчинет од глетката дојде на идеја да и предложи на пејачката дека вака бујна и сексапилна би била одлична и за на „Онли фанс“ платформата.
Реакции како потврда на согласност за истото имаше и од други, а Елена остана воздржана.

Перцепцијата секому различна, па и идеите, а сугестијата како понуда за или против, може да биде само на Елена која веруваме дека се држи до она што најдобро го знае и умее, да ја презентира и промовира песната.
фото: Facebook/ Elena Velevska







