Радио Милева летни вибрации

Елена Велевска ги истакна своите облини на плажа и откри кои се нејзините шест омилени луксузи

Елена Велевска ги истакна своите облини на плажа и откри кои се нејзините шест омилени луксузи

Македонската фолкерката Елена Велевска на следбениците на социјалната мрежа Инстаграм каде што е акивна, им прати поздрав од лежалката.

Во преден план го покажа раскошното деколте, каде позираше во едноделен костим за капење, а од жешкото покажа дека се штити и со очила за сонце.

Дека деновиве ужива е повеќе од сигурно, а она што ја прави среќна и комплетна таа реши да го открие и пред другите.

Имено, Велевска додека одмараше, најде и се препозна во една  објава на Инстаграм во која станува збор за животните луксузи, па одлучи да сподели и на нејзината кратка приказна.

– Шест животни луксузи: Време, здравје, мирен ум, бавни утра, можност за патување, дом полн со љубов  –  пишуваше во  постот кој и го привлече вниманието.

Инаку, моментално фолкерката ужива во животните луксузи и ги полни батериите од тераса со поглед на море.

Таа се сонча во Переа, Грција, па оттаму се огласува и ги споделува летните вибрации кои ги има пред себе.

Foto: printscreen/instgaram/evelevska

To top