ТВ водителката Елена Стефановска или по ново Најдоски, го привлече вниманието на следбениците со својот храбар моден избор – впечатливо кратко црвено фустанче со мотиви на ружи од новата колекција на H&M.

Со волуменозен крој кој го истакна нејзиниот гламурозен изглед, Елена совршено се вклопи во улогата на кумa на свадбата ова викенд, каде заедно со сопругот го одбележаа посебниот момент.
Фотографиите од свеченоста ги сподели на Инстаграм со зборовите: „Wedding party V & T. Голема чест и уште поголема љубов – кумови засекогаш!“


Не само што со стилот ги плени погледите на сите, туку и со искрената порака ги освои срцата на фановите. Овој моден момент ја потврди нејзината моќ да биде во центарот на вниманието на секоја свеченост, оставајќи траен впечаток на гламур и позитивна енергија.
Foto: print Screen/Instagram




