Радио Милева збогување

Елен Деџенерис се збогуваше пред камери: „Јас сум многу нешта, но не сум злобна“

Елен Деџенерис се збогуваше пред камери: „Јас сум многу нешта, но не сум злобна“

Елен Деџенерис ги изненади присутните на прес-конференцијата кога објави дека се повлекува од светот на шоу бизнисот. Комичарката и водителка моментално е на турнеја на која го промовира специјалното издание на Нетфликс за најновиот стенд-ап на Елен, а зборувајќи пред новинарите и обожавателите во Калифорнија, таа откри дека се пензионира по 40-годишна кариера.

„Ова е последен пат кога ќе ме видите“.

За потсетување, 66-годишната комичарка стана една од најомразените луѓе во САД кога вработените во нејзиното ток-шоу ги обвинија извршните продуценти за „токсична работна средина“. Тројца продуценти беа отпуштени поради обвинувањата за недолично однесување и сексуално вознемирување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellen DeGeneres (@ellendegeneres)

Деџенерис се извини во јавноста, но реакциите не стивнуваа, а нејзиното шоу заврши во 2022 година, по 19 сезони.

Деџенерис претходно сподели дека се занимава со градинарство откако завршило шоуто и дека чува кокошки како домашни миленици.

„Што повеќе да кажам? О да, ме исфрлија од шоу-бизнисот затоа што бев злобна. Нема лоши луѓе во шоу-бизнисот. За сите вас кои водите сметка, ова е вторпат да ме исфрлат од шоу-бизнисот. На крајот ќе ме исфрлат по третпат затоа што сум злобна, стара и геј“, рече таа.

“Знам дека барам многу, дека сум нетрпелива и опасна. Јас сум силна жена. Јас сум многу работи, но не сум злобна. Отсекогаш сум велела дека не се грижам што велат луѓето за мене. Сега сфаќам дека тоа сум го кажала на врвот на мојата популарност“, додаде таа.

фото:Instagram printscreen/ ellendegeneres

To top