Некогашната пејачка, а сега успешна деловна жена, охриѓанката Ева Нединковска реши да и даде нова шанса на љубовта, а врската со партнерот да ја однесе на ново, повисоко ниво.
Имено, Ева на социјалните мрежи го покажа свршеничкиот прстен на својата рака, а фотографијата едноставно ја дополни со: „Кажав ДА. Да за вечната љубов“, притоа означувајќи го и избраникот кој направи повторно да цути пролет во нејзиниот љубовен живот.

Станува збор за извесен Филип за кој засега е малку познато, освен дека ја сака Ева, а од неодамна веќе и јавно почнаа да објавуваат заеднички фотографии.

Сепак, едно е евидентно на прва, Ева и Филип изгледаат заљубени и среќни, а тоа сакаат да го покажат пред сите, па и да оформат здрава брачна заедница за која очигледно дека се цврсто решени.

За поптсетување, Ева повеќе од 15 години не е дел од македонската музичка сцена, но публиката и понатаму ја памети. Естрадниот живот е зад неа, а денес успешно плови во бизнис водите и е целосно посветена на својата деветгодишна ќерка Ена и е успешна жена претприемач.

Во Центар за обука ЕВА чиј основач е и менаџер директор, функционира и е посветена речиси 15 години, а кога брачното минато е во прашање, таа беше во брак со неготинецот Јурак Петров од кој ја имаат и ќерката Ена. Бракот им траеше две години, а Ева тогаш во медиумите јавно говореше дека разводот бил стресен период од кој излегла свесно кога истиот веќе не одел во вистинска насока.

Времињата дувнаа нов ветар, а Ева полна со ентузијазам, позитивна енергија и секако вистинска љубов, реши повторно да се скраси и со новото „Да“ повторно да биде на љубовна фреквенција, веруваме вистинската овој пат!
Честитки!
фото: Facebook/ Eva Nedinkovska





