Кај браќата од „Некст тајм“ во континуитет се слави, а на среќата и нема крај.
Па така, ако минатата недела се наздравуваше за свршувачката на Стефан и Тинеа кои по три години врска решија да се скрасат со брак, сега и другиот брат им повод за славење.
Имено, гитаристот Мартин и неговата сопруга Андреа чекаат принова.
Дека се се’ поблиску до магијата на животот, тој објави преку неколку фотографи каде позираат заедно со бремената сопруга, а тоа наедно им беше најава за убавата вест која допрва треба да дојде.
Според приложеното згодната идна мама е кон средината на бременоста, од која блеска.
За потсетување,Мартин ја побара раката на Андреа во септември 2022 година на неговиот роденден, а се венчаа минатиот месец јули.
Тие неколку години ја одржуваа врската на далечина поради професионалните ангажмани на ракометарката во странство, па по осум години врска решија да стават прстени.
Инаку, Андреа Белеска беше дел од Металург во Македонија, а во странство настапуваше за турскиот Јенимале, романската Валчеа, шведскиот Боден, грчкиот ПАОК.
Честитки и нека е со лесно!