Радио Милева позитива

„Единственото вистинско богатство во животот“: Марко Новески и Бомбакис со бебињата во Охрид (фото)

„Единственото вистинско богатство во животот“: Марко Новески и Бомбакис со бебињата во Охрид (фото)

Убава е глетката кога татковците ќе ги грабнат своите наследници во рацете и ќе застанат пред објективот со насмевка до уши создавајќи спомен фотографии.

Водителот Марко Новески и Кристијан Станковски – Бомбакис, на своите „приказни “ на социјалната мрежа Инстаграм објавија  баш таква позитивна фотографија.

Токму кога помисливме дека познатиот водител и влијателниот инфлуенсер и подкастер, во процесот на реализирање на улогата како тазе родители ќе ги кријат од јавноста приватните моменти со наследниците, тие заеднички го направија сосема спротивното.

„Единственото вистинско богатство во животот е ова“   – искрен беше Бомбакис во описот кој го сподели и Марко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristijan Stankovski (@bombakis)

Имено, Марко кој важи за еден од најнасмеаните водители позираше додека во рацете ги држеше близначиња Веда и Вања, додека Бомбакис, дечкото со картоните , ја зема во прегратка ќеркичката Бисера.

Во позадина наѕира  бисерното Охридско езеро додека тие позираат на заедничката фотографија во Охрид.

„Еве сме тука сме“  – кратко додаде  Марко .

„Кога малите човечиња ја даваат најголемата радост“, „Многу љубов на една слика“, „Љубовчиња“, „Ве личи во ваква улога“ им пишуваа колегите и пријателите во коментарите кои растеа надополнувајќи ја објавата со многу допаѓања за кратко време.

Иако сигурно им се тешки  ноќите со бебиња, веруваме дека тие секогаш се вешти,  расположени и истрајна поради големиот  љубовен адреналин.

фото: printskrin/instagram/bombakis/marko_noveski

To top