Радио Милева време за себе

Едина Муса направи промена и не се препозна самa себe: „Која е оваа девојка?“

Едина Муса направи промена и не се препозна самa себe: „Која е оваа девојка?“

Екс-кошаркарката и сегашен фитнес тренер, Едина Муса која неодамна за првпат стана мајка, најчесто е во теретана и времето го троши за телото да го одржува во топ форма, а така беше и пред продувањето.

Нејзин фокус сега е синчето Максим  но, нема изговор дека и недостаува време за вежбање, па со него оди на трчање на стаза на кејот на Вардар со количка.

Сепак, овој пат таа покажа нешто друго. Едина сега реши да направи промена, па замина во салонот за убавина, за да го освежи изгледот на косата.

Таа се сними во салонот, а повторно тренингот беше во прв план во нејзиниот бележник.

– И спремна за тренинг –  напиша таа.

Се разбира, подоцна пред своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм каде што е активна,  го сподели и новото издание па, позираше пред камерата на мобилниот снимајќи се во огледало.

Едина ја покажа новата промена, од која очигледно беше многу задоволна, па се пошегува дека дури и самата не се препознала и на видеото напиша „Која е оваа девојка?“, препознавајќи се во зборовите од песната „Who’s That Girl?“.“

Foto: print Screen/Instagram/

To top