Драгана Мирковиќ со децении важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот.
Таа тоа го потврди и сега преку одличниот концерт кој го одржа претходните денови во Берн, Швајцарија.
За нејзиниот настап се дозна и преку Инстаграм профилот на нашата македонска фолк пејачка Сузана Гавазова, каде и таа заедно со бендот во тој град настапила пред полната концертна сала.
View this post on Instagram
Потоа, Гавазова задоволно застана рамо до рамо со српската фолк пејачка Мирковиќ каде позираше со широка насмевка и полно срце.
– Со мојата најомилена Драгана Мирковиќ – напиша Сузе додека Драгана го држеше микрофонот в рака.
И двете пејачки патуваат доста и закажуваат настапи насекаде, па повеќе од сигурно е дека не им е прв пат да се сретнат, а сега и јавно споделија дека настапиле заедно во Берн.
Таа фотографија беше споделена и на фан страницата кај омилената српска фолк пејачка каде коментарите се нижеа еден по друг.
„Две прекрасни пејачки“, „Најдобрите“, „Браво“… коментираа нивните обожаватели.
фото: printskrin/suzanagavazova/draganini_lucici.fanpage