Радио Милева бизарно

Драмата околу здравјето на Кејт Мидлтон не стивнува: Луѓето креираат нова теорија на заговор поради потегот на кралското семејство

Драмата околу здравјето на Кејт Мидлтон не стивнува: Луѓето креираат нова теорија на заговор поради потегот на кралското семејство

Драмата околу здравствената состојба на принцезата Кејт Мидлтон продолжува, а последниот потег на кралското семејство наведе многумина да се посомневаат дека нешто не е во ред, како и да креираат нови теории на заговор.

Кралот Чарлс ја удостои Кејт, а таа стана членка на Орденот на придружници на честа, што е извонредно одликување, бидејќи тоа не се случило во последните сто години, пишува „Дејли мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Се вели дека споменатата одлука е симбол на големата почит што принцезата ја добива од кралот за нејзиниот придонес во уметноста, науката, медицината и јавната служба сите овие години откако таа е дел од кралското семејство.

Назначувањето не е директно подарок од кралот, туку го прави Кабинетот по негова препорака, а уште побизарно е што никој од нив не се појавил, туку било испратено известување за наградата.

Низ социјалните мрежи низ Велика Британија кружат нови бизарни теории на заговор, а повторно се алудира на влошената здравствена состојба на Кејт Мидлтон, како и на можноста таа наводно да е во кома, што предизвика вистински хаос ширум светот.

– „Кејт е во кома луѓе, вклучете го мозокот“, „Сите во Британија зборуваат за тоа како не излегла од болница“, „Нешто не е во ред овде“, „Се случуваат чудни работи“, „Невозможно е за некој да нема партнер месеци без да знае ништо за тоа“, „Нека зборува некој“ – беа само дел од коментарите на гневните корисници на социјалната мрежа.

Да потсетиме, принцезата од Велс неодамна објави дека на 42-годишна возраст и бил дијагностициран рак и оти била подложена на „превентивна“ хемотерапија и оттогаш нема соопштено ништо.

фото:You Tube printscreen/ ABC News/ The Prince and Princess of Wales

To top