Цеца Ражнатовиќ и Драгана Мирковиќ со децении не се во најдобри односи, а нивниот конфликт ескалирал кога се сретнале на снимањето на Радио телевизија Србија. Години подоцна Ражнатовиќ во една емисија ја отпеа песната на Драгана заедно со Вики Миљковиќ, а сега на таа тема проговори и Мирковиќ.
Имено, Драгана истакна дека и се допаѓа колегијалноста на Цеца, но и дека од порано знаела дека таа заедно со Миљковиќ е нејзин обожавател.
– Кога го погледнав сето тоа, беше многу слатко. И двete на почетокот на нивните кариери ми кажаа дека им се допаѓаат моите песни. Ми кажаа дека се мои обожаватели, дека ги научиле своите песни од моите песни, многу ги пееле моите песни. Тоа е многу убаво. Сето тоа, како пееја, ми беше навистина слатко, ми се допаѓа и мислам дека такви убави работи треба да се случуваат меѓу колегите и го сакам тоа. Тоа е добро однесување и почит – рече Драгана за насобраните припадници на седмата сила, споделува Информер.рс
Да потсетиме, Драгана Мирковиќ претходно во емисија на ТВ Пинк проговори за конфликтот со Цеца Ражнатовиќ.
– Сè датира од деведесетите, кога не беше нималку наивно и кога доживеав многу тешки работи од Цеца и нејзиниот тим. Отсекогаш сум избирала пат кој вклучува криење, молчење со години. Дојде момент кога колешката Цеца доби забрана за влез во ТВ Пинк поради некои грди работи што ги правеше на водечки луѓе, и во сите медиуми во Србија, да се разбереме.
-Тогаш таа ми се јави и ми рече: „Имав потреба да ти се јавам и да ти кажам дека ме фасцинира тоа што немаш ни грам суета во тебе, како колега, и дека повеќе ме почитуваат твоите од телевизија отколку вие самите“ – рече таа меѓу другото, во емисијата „Премиер – викенд специјал“.
фото:Instagram printscreen/ dragana_mirkovic