Марко Бијелиќ, според сите проценки, се обидува што полесно да ја преброди целата ситуација што го снајде неговото семејство.
Откако Драгана Мирковиќ преку соопштение објави дека се разведува од сопругот Тони, нејзиниот син почна да се огласува на својот профил на Инстаграм, а сега „објави“ нова фотографија.
За разлика од неговата сестра Мануела, која е многу повлечена и го држи затворен профилот на Инстаграм, Марко има 20.000 следбеници на оваа социјална мрежа и со нив споделува детали од приватниот живот. Марко особено сака да објавува слики од автомобили, а тоа го направи и сега, додека целата јавност зборува за разводот на неговите родители.
Целата атмосфера очигледно му е стресна и решил малку да се опушти во спа центарот, што и самиот го најави.
Драгана Мирковиќ, инаку, сака јавно да зборува за своите деца:
– Моите деца се најнормалните деца на светот, имаа нормално детство и беа одлични ученици. Марко студира економско право, а Мануела завршува средно и работела на рецепција во „Риц“ – изјави тогаш Драгана за медиумите.
Тони Бијелиќ не одговара на повиците откако се дозна дека Драгана поднела барање за развод. Тој реши да го избрише својот Инстаграм профил кој го користеше од време на време. Профилот го користел и за деловни цели, поради компанија која продава луксузни автомобили, а сега, очигледно, решил дека во овој момент не му требаат социјалните мрежи.
Фото: printskrin/instagram/