Фолк пејачката Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ се разведуваат по 24 години брак.
Нивните деца, синот Марко и ќерката Мануела, останаа со пејачката во Австрија, додека потегот на Марко да го избрише својот татко од социјалните мрежи наиде на многу коментари.
Драгана сега ладно и сосема поинаку од порано зборува за Тони, а претходно често ја опишуваше нивната љубов како бајка.
Драгана во соопштението наведе дека направила „се што можела за да го спаси бракот“, но дека не успеала, додека евидентно е дека во претходните години, ни во соништата, не можела да замисли како ќе заврши нејзината приказна со Тони.
Во медиумите се појави изјавата на пејачката во која таа признава дека често плаче и се прашува што направила за да ги заслужи тешките животни околности низ кои моментално минува откако Тони го напушти нивниот заеднички дом. Оваа отворена искреност на Драгана Мирковиќ предизвика лавина поддршка и симпатии кај нејзините фанови, а во исто време предизвика големо внимание во јавноста.
– Често плачам. Лагите ме доведуваат до солзи, особено најлошите, злонамерни лаги. Секогаш се прашувам што направив за да ги предизвикам и заслужам, можеби изгледа детско и наивно, но без разлика и покрај се, сепак не сакам да се менувам – додава пејачката.
фото: prinytskrin/instagram/srecna_republika