Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ пред неколку месеци решија да стават точка на бракот по повеќе од дваесет години заеднички живот.
Нивните деца, синот Марко и ќерката Мануела, останаа со пејачката во Австрија. Марко ја изненади јавноста кога неодамна го отстрани својот татко од социјалните мрежи.
Драгана отсекогаш нагласувала дека има исклучително блиски односи со своите деца, а во една прилика открила како се грижат за неа дури и кога се разделени.
– Уживаат, горди се на својата мајка, што е природно и нормално – изјави тогаш Драгана.
– Многу се внимателни, ми праќаат пораки, ме прашуваат дали сум уморна. Им велам: „Деца, што ви е, знаете мајка ви“. Мама е карпа. Не е секогаш лесно, но се гордеам со себе што се држам – додаде своевремено пејачката за „Премиера“.
Да потсетиме, Драгана призна дека таа и Тони раскинале пред три години, и дека цело време живеат на различни адреси, што сите ги изненади.
фото: Instagram printscreen/ dragana_mirkovic/manubjelic