Радио Милева не е соло играч

Доста беше самотија: Јелена Розга најпосле откри дека си најде љубовен спој (фото)

Доста беше самотија: Јелена Розга најпосле откри дека си најде љубовен спој (фото)

Јелена Розга е од оние естрадни личности кои што милуваат да го кријат приватниот живот што посалеку од очите на јавноста. Секогаш кога ќе излезе нешто во медиумите, Розга не практикува ниту да потврдува, а ниту да демантира, туку остава „караванот да си минува“.

Сепак, исклучоци има, па кога ќе се најде затечена, знае да каже по некој детаљ како во случајот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Kога станува збор за машко женските односи Јелена кратко рече:

„Не сум се борела. Знам што сакам, а што не“.

Розга со децении важи за една од најубавите и најпривлечни дами на регионалната сцена, а сега откри и дали имала некаква интервенција.

– Не би направила ништо на себе. Ако не сум направила до сега, нема потреба. Не сакам ништо – истакна Розга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

На новинарското прашање дека долго време била соло и дали нешто се променило, таа одговара – „Повеќе не сум соло играч“.

Дивата со божествен глас откри дали и кога била разгалена:

– Разгалена сум кога можам. Кога се работи, немам време. Кога ќе се вратам дома кај моето семејство во Сплит, тогаш сум размазена. Мама ми готви што сакам, па тогаш сум разгалена. Тогаш се ми е на дланка – искрена е таа за српски „Блиц“.

фото:Instagram printscreen/ rozgajelenaofficial

To top