На социјалните мрежи доста често се појавуваат предизвици кои ги поставуваат познатите кои потоа стануваат еднен вид на интересна игра или во случајот најчесто како копање по спомените од минатото.
Досега многупати сме виделе фотографии од познатите кога биле мали, но секогаш некој има да објави фотографија повеќе или таква што не сме ја виделе досега.
Деновиве повторно можеме да ѕирнеме во детството на некои познати личности, едни се пејачи, други водители, трети актери… Овој пат гледате едно мало слатко девојченце со темна коса и слатка шармантна насмевка.
Оваа малечка со посебен впечатлив шарм денес е интернационален топ модел- нашата македонска убавица Катарина Ивановска која на Инстаграм покажа каква била како детенце. Слатка, насмеана, со розово фустанче-комбинезон.
Денес Катарина има наследничка, ќеркичката Кира која уште сега сака да биде како мама.
За потсетување, Катарина досега многупати чекореше по модните писти на ултра познати светски брендови, а ги красеше и содржините и насловните страници на повеќето такви модни магазини.
View this post on Instagram
Уште откако ја започна својата манекенска кариера во 2004 година, таа се појави на Миланската модна недела, а подоцна истата година се најде во едиторијал за магазинот „Elle“, а исто така се има појавено и во „Citizen K“, „Stiletto“ и италијанското I руското издание на „Vogue“. Ги красеше и насловните страници на магазините „Diva“ и „Máxima“.
фото:instagram printscreen/ katarina_ivanovska