Живот и стил

Домашен тартар сос- брз и лесен за подготовка

Домашен тартар сос- брз и лесен за подготовка

Ако сакате тартар сос, еве ви можност сами да го направите и да се уверите дека е многу подобро приготвен на овој начин отколку купен од продавница.

Како таков, совршено оди со специјалитети од риба и пржено месо, тиквички или помфрит.

Состојки:

1 чаша мајонез
1 чаша кисели краставички, ситно исечкани
1 лажица копар или 1 лажица свеж магдонос
1 лажичка сок од лимон
1 лажичка шеќер
1/4 лажичка мелен пипер
2 лажици кромид, ситно исечкан

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во сад и добро измешајте. Додадете малку сок од лимон или краставици по желба.

Домашниот тартар сос се чува во фрижидер. Префрлете го во херметички затворен сад или тегла и ставете го во фрижидер.

фото:Najbolji domaći recepti

извор:попара

To top