Радио Милева радости на душа

Дојде нејзиниот ден: Пркна бебенцето на Иван Либеро, а тато со гордост им ја покажа слатката Ниа на сите (фото)

Дојде нејзиниот ден: Пркна бебенцето на Иван Либеро, а тато со гордост им ја покажа слатката Ниа на сите (фото)

Фронтменот на „Либеро бенд“ Иван Јованов и неговата сопруга Ивана пред 12 месеци се остварија во улогата на родители, а нивниот свет го смени малата Ниа.

Иако од почеток беа резервирани за објави од кои ќе ја покажуваат својата семејна среќа со приновата, денес нештата се сменија.

Па така, како малата наследничка расте, така расте и потребата на тато да ја покаже својата неизмерна среќа и причината за неговата насмевка од шестка до шестка.

Ама дојде и нејзиниот специјален ден – роденден кога мама и тато со гордост и неизмерна среќа и радост на душа ја покажаа малата славеничка Ниа која наполни една годинка.

-Ниа, не можевме ни да ја замислиме длабочината на љубовта што ќе ја почувствуваме за тебе – тоа е љубов што го исполнува секој дел од нас и станува се посилна со секој изминат ден. Ти си нашето дете со чисто срце, толку силен дух и душа која сјае посилно од се’.
Запомни засекогаш, каде и да те однесе животот, ние ќе бидеме тука да те бодриме на секој чекор од патот.
Една година подоцна, цел живот спомени до крајот.
Среќен роденден наша светлино- пишува тато Иван.

Одлична прилика да се овековечат моментите, а Ниа да се фотографира на специјална тематска фотосесија со мама и тато.

Насмеани и среќни родители, уште посреќно дете кое ја рефлектира љубовта која му е дадена досека расте и спознава се’ околку себе.

Среќен малечка!

фото:Instagram printscreen/ jovanov_ivan

To top