Додека секојдневно со стартот на летниот период се случува трка кон јужната граница за летување на море, ТВ водителката Александра Пановска Илиевска не е во редот за чекање за влез кај јужниот сосед.
Нејзниот избор е територијален, домашен, посебен и за неа есенцијален – Охрид.

Александра не ретко прави ваков избор на дестинацијата за која вели дека е најубавиот и најшармантниот, полн со суштина и од посебно значење за неа и нејзиното семејство…

Водителката преку неколку фотографии покажа дека е во синергија со градот, езерото, стариот дел и се’ она што и прави мерак на душа.

Ужива таа, ама ужива и нејзината малечка Сара, а ако на мама и тато им е убаво, тогаш на наследничката и е вистинско дожиување од каде допрва прави спомени.

Дома си е дома, а Охирд е нашиот бисер чиј сјај секогаш блеска!
фото:Instagram printscreen/aleksandra_panovska_ilievska







