Радио Милева

Дневен хороскоп за четврток, 30-ти мај 2024-та година

Дневен хороскоп за четврток, 30-ти мај 2024-та година

ОВЕН
Денот бара да бидете критички настроени кон сопствените постапки за да избегнете потешкотии уште од утрото и да се поштедите од критиките кои ве повредуваат доколку не се точни. Имате можност да се носите со обврските на работнотоместо. Избегнувајте нови познанства, бидете воздржани во комуникацијата со колегите и деловните партнери.

БИК
Разбудете ја љубопитноста на вашите колеги со тоа што ќе ги запознаете со јасно изговорени објаснувања за вашите нови проекти и помогнете им да ги сфатат докрај. Вашиот успех ќе биде обезбеден доколку плановите ги претворите во реалност, а доколку се заинтересирани, нивната помош е загарантирана. Бизнисмените денеска не треба да се согласат на инвестиции. Разговорите да се одложат за следниот месец.

БЛИЗНАЦИ
Денот ќе е особено успешен за уметниците кои ќе ја добијат понудата од соништата за претставување во странство. Не треба да ја одбијат. Не ја пропуштајте можноста да се изразите. Не е во ваша полза да започнете нови задачи на крајот од месецот. Почекајте неколку дена и преиспитајте ја вашата намера.

РАК
Денеска сте импулсивни и насочени кон нови хоризонти. Сакате да остварите еден ваш голем сон, но не правете го тоа со порив кој може нагло да биде блокиран од неочекувани тешкотии. Можно е да ве посетат деловни партнери кои неочекувано пристигнале од странство. Во секој случај закажете состанок со нив.

ЛАВ
Ќе бидете непријатно изненадени од веста дека конкурент се обидува да ве отстрани од заземената позиција, особено ако се занимавате со политика. Бидете внимателни. Грижете се за вашите должности. Не ви советуваме да се ангажирате активно, ако треба да бидете на работното место, препуштете се на обврските до пладне. Патувајте.

ДЕВИЦА
Обидете се да разјасните какви се вашите планови за следните четири месеци и избегнувајте непотребно расфрлање. Правилната распределба на вашите задачи зависи од тоа дали ќе ги одбиете навреме. Оние од вас кои имаат намера да патуваат на деловен состанок, треба да бидат подготвени дека може да доцнат и да ги предупредат своите партнери кои ги чекаат. Не бидете нервозни.

ВАГА
Не сте расположени за комуникација со најблиските и колегите. Доколку имате професионални проблеми, решете ги самите, без интервенција на претпоставените, бидејќи тие може да решат да ја прекинат соработката со вас. Оние од вас кои развиваат сопствени бизнис, денеска може да остварат неочекуван успех, на кој ќе им позавидат и колегите и претпоставените и деловните партнери.

ШКОРПИЈА
Ќе се чувствувате стабилно и задоволно. Вашето добро расположение ќе влијае на другите. Немате причина да се грижите за вашата финансиска состојба. Што е подобро од тоа? Тие се обидуваат да го нарушат размислувањето за вашите нови професионални планови, но нема да можат да ви наштетат, бидејќи сте подготвени на удари од непријателите.

СТРЕЛЕЦ
Ако ги следите вистинските чекори, се справувате со вашите должности без негодување и ги почитувате роковите, може да ви биде понудено унапредување затоа што на вашиот шеф му се допаѓате и ја одобрува вашата работа. Искористете ја оваа можност. Имате многу задачи, па затоа е добро да планирате за следниот месец.

ЈАРЕЦ
Судбината ве штити и покрај тешкотиите на работното место во текот на денот. Зајакната ви е самодовербата дека успешно ќе се справите со задачите во предвидениот рок. Пазете се од негативно влијание. Контролирајте ги емоциите. Одбијте ги инвестициските предлози за кои немате доволно средства.

ВОДОЛИЈА
Очекувајте потешкотии во остварувањето на материјалните успеси за кои сонувате, кои нема да ви избегаат доколку сте одговорни. Не ги трошете шансите да си обезбедите профитабилна работа. Прифатете деловен предлог. Работата во партнерство ви носи успех, бидејќи полесно ќе ги надминете тешкотиите на вашиот пат.

РИБИ
Денеска сте во владението на неповолни контакти, кои ве спречуваат да бидете доволно бистри. Најдете брзо решение за вашите проблеми. Доколку сте фокусирани и трпеливи, ќе се справите со вашите обврски. Не дозволувајте вашите чувства да го попречат разумот да ги види вистинските особини на луѓето кои работат доберувајќи се до вашите планови.

Извор: Нетпрес

To top