ОВЕН
Денеска жестоко ќе го браните вашето мислење и ќе биде тешко некој да ве победи во вербален дуел. Сепак, размислете дали вреди да го направите тоа, можно е блиската личност да има потреба од вашата поддршка, а не од вашето истурање на вистината в лице. Користете ги вашите зборови за да помогнете, а не да осудувате.
БИК
Денеска љубовта ќе биде пострасна од вообичаено, а вашите емоции ќе бидат доста жестоки. Меѓутоа, доколку имате конфликт со партнерот, обидете се да му пристапите пријателски и не обидувајте се, директно или поприкриено, да ја принудите другата личност да направи нешто. Во овој случај, искрениот разговор е подобро решение.
БЛИЗНАЦИ
Денеска подобро е да се одморите доволно, бидејќи за многумина од вас следната седмица ќе биде позафатена, а за некои и поемотивна. Вашето тело ќе ви дава сигнали, доколку ги занемарувате неговите потреби за храна и сон – овојпат не ги игнорирајте, бидејќи резултатот нема да ви се допадне.
РАК
Доколку денеска одмарате, заборавете на работните грижи и проблеми, во секој случај, промените што доаѓаат наредните денови и седмици нема да бидат под ваша контрола. Ослободете се од грижите и разговарајте со луѓе кои гледаат на животот пооптимистички. Сепак, доколку сте на работа, можно е да имате проблеми со вашиот шеф.
ЛАВ
Денеска некои од вас ќе мора да признаат дека имале нереални очекувања од некоја личност или ситуација. Немојте да се лутите на себеси, секој има периоди кога дозволува сопствените чувства да му го замаглат здравиот разум. Денеска ќе ви биде тешко да ги остварите своите желби, па затоа е подобро малку да се опуштите и да го оладите ентузијазмот.
ДЕВИЦА
Денеска ќе се создаде можност да внесете јасност во вашиот однос со друга личност и да ја видите во вистинско светло. Денеска ќе биде тешко некој да ве измами, но доколку во минатото сте биле премногу самоуверени, денеска ќе мора да ги прифатите последиците. Ако се занимавате со креативна работа, ќе постигнете прекрасен резултат.
ВАГА
Денеска не преземајте туѓи одговорности, дури и доколку станува збор за близок човек. Доколку го понесете целиот товар во име на врската или семејството, ќе бидете единствените што ќе прават компромиси, а тоа не е во ничиј најдобар интерес. Ако сте на работа, денеска ќе ви биде тешко да се сложувате со колегите.
ШКОРПИЈА
Денешниот е одличен ден за патување, средби со пријатели и забава. Разновидноста ќе ви биде од полза, затоа побарајте начини да го направите денот поинтересен. Некои од вас ќе се соочат со избор, дали да прават што сакаат или да им угодат на своите најблиски.
СТРЕЛЕЦ
Очекувајте приход поврзан со дополнителна задача што не смеете да ја занемарите. Обрнете внимание на колегите и слушајте ги деловните предлози што ви се упатени. Чувствителни сте на критики. Можно е, бидејќи ве носи желбата да заработувате и штедите пари, да пропуштите шанса за професионално изразување.
ЈАРЕЦ
Денеска, доколку нешто не е во ред, не ги игнорирајте сигналите на вашето тело, но не одете во крајности, можеби ќе замислувате дека сте болни или дека вашата ситуација е посериозна отколку што е всушност. Доколку денеска се чувствувате вознемирено или збунето, имајте на ум дека можеби ги преувеличувате вашите проблеми.
ВОДОЛИЈА
Денеска бидете повнимателни доколку треба да дадете пари или да купите нешто. Определете што е приоритет за вас и не трошете пари. Можеби ќе треба да анализирате некои од вашите минати грешки и, доколку е можно, да ги направите потребните корекции.
РИБИ
Денеска ќе имате можност објективно да процените некоја ситуација, па дури и да ги истражите сопствените чувства понепристрасно, без да се заглавите во драма. Доколку се појави проблем, размислете што би можеле да направите за да го решите, ако преземете конкретна акција, ќе можете да ги надминете вашите грижи.
извор:нетпрес
фото:Freepik







